Голем малер: Пандев влезе, донесе пресврт, па се повреди

Горан Пандев самиот донесе резултатски пресврт за Парма на дуелот со Порденоне, откако македонскиот ас влезе во игра на почетокот од второто полувреме и веднаш остави печат постигнувајќи гол за израмнување, прв за него во дресот на новиот клуб.

Само неколку минути подоцна Пандев учествуваше и во акцијата за вториот гол, по неговиот удар голманот едвај ја одбрани топката, по што на неа натрча Ман и од непосредна близина ја смести во мрежата. Гостите беа во шок, Васкез погоди за 3-1, но веднаш потоа Пандев заработи незгодна повреда и мораше да биде заменет, по само 25 минути на теренот на „Енио Тардини“.

Навивачите знаат да го ценат квалитет на Македонецот, па тој со овации беше испратен додека го напушташе теренот, видно разочаран што повредата го спречи да ја доигра средбата.

Се вчитува...