Голем малер: Велко Маркоски го пропушта ЕП!

Македонија ќе биде сериозно ослабена на претстојниот европски шампионат откако Велко Маркоски отпадна од комбинација за настап, по повредата заработена на вчерашниот натпревар со Словенија. Маркоски беше удрен со топка во пределот на окото, а денешните детални прегледи во Љубљана донесоа лоша вест за селекторот Брестовац и за целокупната македонска спортска јавност.

„Ве известуваме дека по направените дополнителни медицински прегледи во Очната Клиника во Љубљана и добиените резултати констатирано е дека Велко Маркоски ќе треба да отуствува 14 дена (повреда на левото око, по ударот со топка од страна на Бомбач). Велко Маркоски утре вечер се враќа за Македонија каде што во понеделник ќе има дополнителни прегледи и ќе продолжи со рехабилитација“ – објави Ракометната Федерација на Македонија.

Маркоски со години наназад е командант на одбраната на нашиот национален тим и неговото отсуство ќе биде огромен проблем во играта во дефанзива. Во негово отсуство се очекува таа улога да ја преземе младиот Мишевски, кој и самиот влече незгодна повреда од турнирот во Романија.

Се вчитува...