Голем пех за Хјустон: И Харден позитивен на Ковид-19

Веста дека Расел Вестбрук е позитивен на Ковид-19 одекна пред неколку денови изненадувачки за кошаркарскиот свет. А сега е регистриран уште еден случај на вирусот во таборот на Хјустон рокетс.

Хјустон би можел да има големи проблеми во продолжението од НБА сезоната, откако е утврдено дека и нивниот најдобар играч Џејмс Харден е позитивен на коронавирусот.

И додека Вестбрук, претходно, се огласи преку социјалните мрежи, Харден засега не се огласува. Харден не е со екипата во Орландо, а ќе се приклучи кога ќе биде подготвен.

Интересно, во последната рунда тестови кај Хјустон од вкупно 322 направени тестови само два се позитивни и тоа на нивните две најголеми ѕвезди. Поради тоа веќе се активни шпекулациите во американските медиуми дека биле на заедничка прослава од каде го донеле коронавирусот.

Се вчитува...