Голем потег на Џастин Клајверт: Првиот гол во дресот на Рома му го посвети на поранешниот соиграч од Ајакс

Младиот холандски интернационалец Џастон Клајверт синоќа го постигна првиот гол во ЛШ во дресот на Рома, а го прослави на посебен начин. Тој го покажа дрес на Рома со број „34“ на кој беше напишано презимето на Абделхак Нури, неговиот поранешен соиграч од Ајакс, кој во јули 2017 година колабираше на теренот и падна во кома, а тоа придонесе за сериозно оштетување на мозокот.

На овој начин Клајверт му изрази поддршка на својот пријател, со кој беа нараздели во периодот додека настапуваа за Ајакс.

„Биди силен, Апи“, објави потоа Џастин Клајверт и на социјалните мрежи.

Се вчитува...