Голем пресврт во Наполи – Де Лаурентис го продава клубот?

Хаосот во Наполи би можел да добие сосема поинаква насока откако беше обелоденето дека наместо Аурелио де Лаурентис да ги оствари заканите и да избрка дел од фудбалерите, актуелниот претседател би можел самиот да си замине од клубот. „Наполитанците“ се во криза, односот меѓу управата и фудбалерите е затегнат до крајна мера, а според последните информации тоа можат да го искористат членовите на катарското семејство Ал Тани, кои сакаат да инвестираат и во италијанскиот фудбал.

Станува збор за семејство кое имаше кратка и неуспешна авантура во Малага, но се надева на многу поголем успех во Калчо-лигата. Ал-Тани во текот на летото имаше неуспешен обид да стигне до управивачки пакет акции во Рома, но сега се подготвува офанзива во Наполи. Според италијанските медиуми, подготвена е понуда од 560 милиони евра до Де Лаурентис, сума што дефинитивно е многу интересна за актуелниот газда на „наполитанците“.

Тој истовремено е и прв човек на Бари, па би можел инвестициите да ги насочи кон тој клуб, а конкретните разговори се очекува да почнат најдоцна до крајот на овој месец.

Се вчитува...