Голем проблем за Артета: Познато е колку ќе отсуствува Одегард

Микел Артета се соочува со огромни проблеми бидејќи до крајот на месец ноември нема да може да смета еден од најдобрите фудбалери во својот тим, Мартин Одегард.

Норвешкиот репрезентативец има повреда на лигаментот на коленото, повреда која ќе го оддалечи од теренот во следниот месец и пол што значи дека нема да биде дел од „црвено-белите“ девет натпревари.

Одегард оваа сезона одигра вкупно седум натпревари бележејќи две асистенции.

Се вчитува...