Голем проблем за Интер: Бастони ги пропушта Јувентус и Наполи

Оваа репрезентативна пауза му создаде огромни проблеми на Симоне Инзаги, откако Алесандро Бастони заработи незгодна повреда на вчерашниот тренинг на италијанскиот национален тим.

Одличниот дефанзивец веднаш замина на детални прегледи, а резултатите донесоа главоболка за Инзаги. Станува збор за истегнување на мускул на ногата, а препорачаната пауза изнесува најмалку три седмици. Ова практично значи дека Бастони нема да биде во комбинација за Интер на следните две средби, кои воедно се и големи „дерби дуели“ за „нероаѕурите“ ако се знае дека веднаш по репрезентативната пауза му гостуваат на Јувентус, а потоа на 3 декември ќе му бидат гости и на шампионот Наполи.

Проблемот е уште поголем ако се знае дека во Интер повреден е и Павар, па опциите за одбранбената линија на „нероаѕурите“ на овие дуели се крајно лимитирани.

Интер моментно е лидер на табелата во Калчо-лигата со 31 освоен бод, пред Јувентус со 29, Милан со 23 и Наполи со 21 бод.

Се вчитува...