Голем проблем за Милан: Четири месеци пауза за Калулу

Милан прокоцка предност од два гола по првото полувреме на дербито со Наполи, а згора на тоа „росонерите“ останаа и без двајца одбранбени фудбалери кои се повредија на дуелот во Неапол.

Полошо мина Пјер Калулу, кој се пожали на болка во мускулот и мораше да биде заменет уште во 18. минута. Деталните прегледи покажале дека проблемот е сериозен и 23-годишниот дефанзивец ќе мора да замине на операција, по што ќе следи пауза од околу четири месеци.

Покрај Калулу, повреда заработи и аргентинскиот дефанзивец Марко Пелегрино, кој има скршеница на коска во стопалото и ќе паузира најмалку до средината на месец декември.

Ако на ова се додаде дека веќе извесно време е повреден и Симон Кјаер, јасно е дека тренерот Пиоли ќе нема многу избор, само со Тиав и Томори како централни дефанзивци за следните неколку натпревари на „росонерите“.

Се вчитува...