Голем проблем за ПСЖ: Мбапе не игра против Баерн

Повредата на Килијан Мбапе воопшто не е наивна и најдобриот стрелец на ПСЖ ќе мора да паузира најмалку три седмици откако се пожали на болка во мускулот во првото полувреме од синоќешниот дуел со Монпелје. Ова го открива тиражниот француски весник Л’Екип, според кој точната дијагноза ќе биде утврдена за 48 часа, но на Мбапе во секој случај му претстои повеќенеделна пауза од терените.

Ова значи дека ПСЖ ќе мора да се снаоѓа без својот најдобар фудбалер на саботниот меч со Тулуз, потоа на куп-пресметката со Олимпик Марсеј, но и потоа на дербито со Монако закажано за 12 февруари.

Како што стојат работите, Мбапе сигурно ќе го пропушти и првиот меч од осминафиналето во Лигата на Шампионите против Баерн Минхен, меч што е од исклучително значење за „светците“ ако се знае дека пририоритет за клубот и оваа година е освојување на европската круна.

Се вчитува...