Голем проблем за Рафа: Надал нема право на настап на ЛОИ во Париз

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња Рафаел Надал неодамна изјави дека 2024 година ќе му биде последна година во која ќе се натпреварува. Надал во својата богата кариера има освоено 22 гранд-слем турнири, а има голема желба да настапи и на Олимписките игри следната година.

Но, тој ќе мора да смисли како да го заобиколи правилото на ИТФ, според кое играчот не може да се натпреварува на Олимписките игри ако не играл за својата земја во Дејвис купот во изминатите две години. Надала не беше дел од Дејвис куп репрезентацијата на Шпанија и затоа нема да има право за настап на Олимпијадата. Роџер Федерер беше во иста ситуација на последните Олимписки игри, па со помош на Швајцарската тениска асоцијација некако успеа да договори настап во Токио.

Судејќи според авторитетот на Надал во светот на тенисот, тој би можел, како и Федерер, да добие изземање од ова правило. Надал откри дека сака со Карлос Алкараз да одигра во двојки во Париз.

Се вчитува...