Оваа сезона ќе биде ново големо промашување за челниците на ПСЖ, кои веќе почнаа со планирање на активностите за наредниот преоден рок, во кој се подготвува сериозен ремонт и заминување на неколку „ѕвезди“ од тимот. Прв на листата е Серхио Рамос, кому дефинитивно нема да му биде понуден нов договор и ќе може како слободен играч да си замине од „Паркот на принцовите“. Се очекува неговите стапки да ги следи и Лео Меси, Аргентинецот има на маса понуда за нов договор, но негова желба е да се врати назад во Барселона.
Третиот ас кој е на излезна врата е Нејмар, но тука ПСЖ има сериозен проблем, бидејќи ниту еден посериозен клуб не сака да ја доведе бразилската „суперѕвеада“ во клубот. Отштетата би била сериозна, но уште поголем проблем е превисоката плата на Бразилецот, кој и минатото лето беше на трансфер-листа, но францускиот првак не доби ниту една понуда за негов трансфер.
„Светците“ веќе се во преговори за ангажман на тројца фудбалери на „Паркот на принцовите“, па така веќе е договорено доаѓањето на Милан Шкринијар, како слободен играч од Интер.
Усман Дембеле е достапен за 50 милиони евра според клаузулата во договорот што францускиот првак го потпиша со Барса минатото лето, а „светците“ се подготвени да му дадат значително зголемување на платата за да го вратат во татковината.
Најкомпликуван се чини трансферот на Виктор Осимен, поранешниот фудбалер на Лил кој сега блеска во Наполи. Нигериецот летово ќе ги смени клупските бои, но Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен и уште неколку европски гиганти се сериозна конкуренција за „светците“ во оваа трка, во која цената сигурно ќе ја надмине границата од 100 милиони евра.
Меѓу оние чие заминување е најавено се и Екитике, Фабијан Руиз и Карлос Солер, додека на листата со желби на ПСЖ се уште и Дисаси (Монако), Дијаби (Баер Леверкузен), Белингем (Борусија Дортмунд)…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА