Дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони, е под истрага на обвинителството во Милано поради сомнение за детска проституција.
Фудбалерот добил известување за започнување на истрагата во вторник и наскоро ќе биде испрашан. Тој е обвинет за сексуални односи со 17-годишно девојче, пишува Газета дело Спорт.
Истрагата против Бастони е дел од поголем случај што се однесува на синџир на малолетничка проституција и услуги за ескорт во областа на Милано. Обвинителството истражува обвинувања за организирано подведување, а се чини дека дефанзивецот на нероазурите е еден од клиентите што ги користеле услугите.
Италијанските медиуми објавуваат дека повеќе информации ќе бидат познати откако обвинителството ќе го испраша фудбалерот. Засега не се објавени други детали за случајот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
