Голем скандал во српскиот тенис – Ѓоковиќ и соиграчите го предадоа својот добар пријател

Голем скандал го тресе српскиот тенис, откако пред некој ден Виктор Троицки беше избран за нов селектор на репрезентацијата на Србија. Неговиот претходник, Ненад Зимоњиќ е изненаден од оваа одлука велејќи дека на конкурсот само тој бил пријавен.

„Изненаден сум од одлуката играчите да ме сменат од позицијата селектор. Имав желба да продолжам да работам. На почетокот бев единствениот пријавен на конкурсот за селектор. Троицки ми се јави на 1. ноември и ме извести дека сите тенисери имале сосанок во Париз и дека изразиле желба тој да биде селектор. Не ми даде образложение и конкретни причини зошто ме мењаат. Неколку дена подоцна дознав дека тенисерите повторно без мое знаење доставиле молба до ТСС, Троицки да биде селектор. На 25. ноември соопштена ми е одлуката дека тој е селектор. Разочаран сум, се трудев да им бидам поддршка на сите наши тенисери. Горд сум на сите резултати, како и на фактот дека тенисерите ме избраа да бидам селектор и на Дејвис куп репрезентацијата и на репрезентацијата на АТП купот“, напиша Зимоњиќ. 

 

Се вчитува...