Голем триумф на „снежната кралица“ Шифрин

Микаела Шифрин триумфираше на денешната велеслаломска трка во Куршевал, Франција, прва победа на извонредната американска скијачка од јануари годинава. Шифрин го пропушти финишот од ланската сезоната по неочекуваната смрт на нејзиниот татко, па денешниот триумф му го посвети токму на него.

Американката извозе фантастично, беше најбрза и во двете трки, остварувајќи вкупно време за 82 стотинки побрзо од второпласираната скијачка, Италијанката Федерика Брињоне. Третото место и припадна на Теса Ворли од Франција, со 1,09 секунди послабо време од победничката.

Ова беше вкупно 67. победа на Шифрин во Светскиот куп, со што се израмни со Марсел Хиршер на третото место на вечната листа од најуспешни скијачи. Пред Америнаката на оваа ранг-листа се наоѓаат Само Ингелмар Стенмарк со 86 и Линдзи Вон со 82 победи.

Во генерални0от пласман се уште води Петра Влхова од Словачка, која остана на 420 бода откако не ја заврши денешната прва трка. Шифрин со денешниот триумф се искачи на второто место со вкупно 275 бода.

Се вчитува...