Голем удар: Шведска без Паличка и Клар на клучниот меч со Норвешка

Шведска се соочува со исклучително тешка задача, да брка победа против Норвешка за да се пласира во полуфиналето од ЕП 2022 без помошта на својот прв голман Андреас Паличка.

Извонредниот чувар на мрежата беше позитивен на последното тестирање на шведскиот национален тим, исто како и Феликс Клар, па двајцата веќе се наоѓаат во самоизолација и нема да можат да му помогнат на националниот тим за клучниот меч од шампионатот.

„За жал, добивме лоша вест утрово, загубивме двајца важни играчи пред толку важен натпревар. Сепак, не можеме да направиме ништо во врска со тоа, правилата се правила, ќе мораме да се бориме за место во полуфиналето без Андреас и Феликс“, изјави шведскиот селектор Глен Солберг.

Се вчитува...