Голем удар: Суле е „аут“ за сезонава и за ЕВРО 2020

Баерн Минхен остана без два бода на ремито со Аугсбург (2-2), но уште поголем проблем за тренерот Ковач од примениот гол во последната минута е тешката повреда на Никлас Суле.

Германскиот дефанзивец настрада уште во првото полувреме, а деталните прегледи покажаа кинење на лигаментите во коленото. Паузата за ваков вид на повреди е околу осум месеци, што значи дека Суле не само што нема да може да се врати до крајот на сезонава, туку ќе го пропушти и настапот на ЕВРО 2020.

„Суле нема да се врати сезонава, загубен е дури и за ЕВРО 2020“ – порача првиот човек на Баерн, Ули Хенес.

Ова е сериозен проблем за селекторот Лев, кој ги отпиша Хумелс и Боатенг за да го направи Суле нов „командант“ на одбранатана националниот тим.

Се вчитува...