Голем удар за Арсенал – долга пауза за Гранит Џака

Арсенал скапо ја плати победата на лондонското дерби со Тотенхем откако беше обелоденето дека повредата што капитенот Гранит Џака ја заработи при еден дуел со „спарси“ е од посериозен карактер.

Како што информираат од лондонскиот клуб, станува збор за „значително оштетување на медијалните лигаменти во коленото“. Среќна околност е што нема да биде неопходен хируршки зафат, но според првичните прогнози паузата на швајцарскиот репрезентативец ќе изнесува околу три месеци.

„Гранит Џака веднаш ќе почне со програмата за рехабилитација, се надеваме дека повторно ќе го имаме во тимот за три месеци. Сите во клубот му даваат безрезервна поддршка на Џака за што побрзо да се врати на терените“, објавија од таборот на Арсенал.

Се вчитува...