Голем удар за Барса: Умтити го повреди коленото!

Барселона освои само еден бод во последните две кола од „Ла Лига“, но Ернесто Валверде сега се соочува со уште поголем проблем по повредата што ја заработи Самуел Умтити. Францускиот интернационалец настапи на дуелот со Леганес, утрово не тренираше со остатокот од тимот, а првичните информации велат дека станува збор за проблем со левото колено.

Од Барса се уште нема официјална потврда за тежината на повредата, но извори блиски до клубот тврдат дека станува збор за сериозен проблем, најверојатно со лигаментите, што ќе значи и повеќемесечна пауза од терените.

Ова е огромен проблем за стручниот штаб на каталонскиот гигант ако се земе во предвид слабата форма на Жерар Пике, како и недоволната адаптација на Ленглет, кој дојде летово од Севилја, но веднаш заработи црвен картон на дуелот со Џирона.

Се вчитува...