Бразилскиот репрезентативец Нејмар најверојатно нема да настапи во групната фаза од Мундијалот поради бавното закрепнување од повредите.
Иако селекторот Карло Анчелоти го повика искусниот фудбалер со надеж дека ќе биде подготвен за вториот натпревар, неговата здравствена состојба не се подобрува според предвиденото. Новинарот на „Теледепорте“, Нико Дијаз Менендеш, објави дека ситуацијата е сериозна и дека медицинскиот тим на Бразил одлучил да не ризикува со негово предвремено враќање на терените.
Оваа вест претставува тежок удар за „кариоките“, кои би можеле скапо да ја платат цената за отсуството на еден од нивните клучни играчи во почетниот дел од шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
