Голем удар за Франција: Салиба го пропушта Мундијалот?!

Огромен удар за француската фудбалска репрезентација пред стартот на Свтското првенство. Од таборот на галските петли доаѓа информација дека Вилијам Салиба е под знак прашалник за Мундијалот во САД, Канада и Мексико.

Салиба се повредил за време на финалето на Лигата на шампионите и поради тоа би можел да отсуствува неколку недели, со што ќе се загрози своето учество на Светското првенство.

25-годишниот централен бек наводно ја влошил постоечката повреда за време на финалето на Лигата на шампионите во саботата против ПСЖ.

За Салиба кој има 31 настап за Франција, ова е трка со времето.

Се вчитува...