Голем удар за Хрватска – Циндриќ не игра со Шпанија

Хрватска утре го игра решавачкиот дуел за првото место во групата против селекцијата на Шпанија, но Лино Червар се соочува со сериозен проблем бидејќи нема да може да смета на услугите на Лука Циндриќ.

Асот на Барселона се повреди на дуелот со Германија, не настапи на претходниот меч со Чешка, а лекарските третмани не ги дале посакуваните резултати. Хрватските медиуми јавуваат дека во ситуација кога пласманот во полуфиналето е обезбеден Червар не сака да ризикува, па против Шпанија ќе настапи без Циндриќ, со надеж дека лекарите во меѓувреме ќе го оспособат за настап на завршниот викенд во Стокхолм.

Дуелот меѓу Шпанија и Хрватска се игра утре со почеток во 16 часот, а победникот на овој дуел најверојатно ќе ја избегне Норвешка како потенцијален ривал во полуфиналето.

Се вчитува...