Голем удар за Ливерпул: Салах го повреди рамото, Клоп остана без главниот адут

Ливерпул ќе биде значително ослабен до крајот на ова финале откако Мохамед Салах заработи повреда и мораше да биде заменет уште во првото полувреме од дуелот во Киев.

Најдобриот фудбалер на Ливерпул настрад при еден дуел со Серхио Рамос, откако шпанскиот ас го повлече Салах кон теренот, овој незгодно падна и го повреди рамото. Асот на „црвените“ се обиде да продолжи, но потоа стана јасно дека болката е преголема, па мораше да биде заменет со Адам Лалана.

Без еден од првотимците остана и Реал Мадрид, откако Дани Карвахал се повреди по триесетина минути игра, па на негово место во игра влезе Начо.

Се вчитува...