Голем удар за Сан Антонио – Паркер го повреди коленото

Сан Антонио прескапо ја плати победата над Хјустон откако Тони Паркер заработи тешка повреда на коленото. Францускиот плејмејкер остана да лежи на теренот и соиграчите на раце го изнесоа кон соблекувалните, а првичните прогнози се негативни за „мамузите“.

Се уште ги чекаме резултатите од прегледите, но работите не изгледаат добро“ – изјави тренерот Грег Попович.

Доколку биде потврдено дека станува збор за проблем со лигаментите, тоа ќе значи и дефинитивен крај на сезоната за еден од клучните играчи на Сан Антонио.

Беше очигледно дека болката е огромна, јасно е дека во скоро време нема да го имаме назад во тимот. Тоа ќе биде сериозен удар за нашата екипа“ – истакна ветеранот Ману Џинобили.

Се вчитува...