Голем удар за Вест хем: Јармоленко ја скина тетивата

Мануел Пелегрини се соочува со огромен проблем во продолжението на премиерлигашката сезона откако стратегот на Вест хем остана без услугите на Андреј Јармоленко. Украинскиот ас настрада во првото полувреме од саботниот меч со Тотенхем, кога без допир со противнички играч остана да лежи на тревата.

Тој веднаш беше изнесен на носилки, а денеска беа потврдени и најцрните прогнози за „чеканите“ – станува збор за проблем со тетивата што ќе значи најверојатно отсуство до крајот на сезонава.

Вистинска штета е бидејќи Јармоленко играше во одлична форма. Се соочуваме со сериозни проблеми поради повредите на важни играчи“ – изјави Пелегрини.

Јармоленко пристигна во Вест хем од редовите на Борусија Дортмунд во трансфер вреден 17,5 милиони фунти. Тој беше резерва на првите четири средби, но потоа ја имаше улогата на стартер во последните пет премиерлигашки дуели на „чеканите“, притоа постигнувајќи и два погодоци.

Се вчитува...