Голем успех на Каламадевски и Ковачовска на светскиот натпревар во Грузија (ФОТО)

Со пласман меѓу 16 најдобри во поединечна и конкуренција во мешани двојки, Кристијан Каламадевски и Изабела Ковачовска ја претставија Македонија на Светскиот младински натпревар во пинг-понг во Батуми, Грузија.

Ковачовска во двојка со Павел Кокавец од Словачка стигнаа до 1/8-финалето во категорија до 19 години и загубија тесно со 3-2, за влез меѓу осумте најдобри, од Нурислам Касум и Викторија Мочалкина од Казакстан.

Во поединечна конкуренција Кристијан Каламадевски во категоријата до 15 години избори пласман меѓу 16 најдобри со победа над Сергеи Трачи од Молдавија. Загуби од Мансур Суиндик со 3-1 во 1/8-финалниот меч.

Одличен успех за претставниците на светскиот Контендер во Грузија. На чекор до 8-те најдобро пласирани, а блиску и до медал. Голем успех и за македонскиот пинг понг и позитивно изненадување од одличниот настап.

Се вчитува...