Голема акција на Адејеми: Осигура вода за пиење за 20 илјади луѓе

За разлика од многуте бундеслигашки ѕвезди кои зимскиот одмор го поминуваат во тропски краишта, младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми е во Нигерија каде продолжува со хуманитарната работа.

Овој 22-годишник роден во Германија во родната држава на неговиот татко помага уште од пред пет години. Во октомври се појавија информации дека заедно со Вилфред Ндиди донираа две стамбени згради во Лагос во кои се сместени млади фудбалери и ги имаат сите потребни услови за нормален живот, а сега младиот фудбалер отиде и чекор подалеку.

Заедно со претставници на Борусија Дортмунд се погрижи за осигурување на пивлива вода за 20 илјади луѓе.

Младиот фудбалер дефинитивно ги заслужува сите пофалби за начинот на кој влијае за подобрување на условите за живот во родната земја на неговиот татко.

Се вчитува...