Голема чест: Круно Симон по стапките на Петар Наумоски

Круно Симон ќе ја одбие најголемата чест од Анадолу Ефес. Турскиот тим на натпреварот против Олимпијакос во Евролигата на 1. декември официјално ќе го „пензионира“ неговиот број „44“ со што хрватскиот кошаркар ќе тргне по стапките на легендата на македонската кошарка, Петар Наумоски.

Симон за Анадолу Ефес настапуваше од 2017 до 2022 година, а во петте сезони успеа да освои се што можеше да се освои во турската кошарка (две титули во првенството, две титули во Купот и два Суперкупа), како и два трофеја во Евролигата.

Се вчитува...