Словенечкиот судија Славко Винчиќ ќе ја има честа да ја дели правдата на финалето во Лигата на Шампионите помеѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд кој ќе се одигра на „Вембли“ на 1. јуни со почеток од 21 часот, потврди УЕФА.
Четириесетичетиригодишниот арбитар од Марибор е меѓународен судија од 2010 година, а ова ќе му биде второ финале во едно големо европско натпреварување откако претходно ја делеше правдата на финалето во Лига Европа во 2022 година помеѓу Ајнтрахт Франкфурт и Глазгов Ренџерс.
Оваа сезона Винчиќ судеше на седум натпревари во Лигата на Шампионите меѓу кои и четвртфиналниот реванш помеѓу Борусија Дортмунд и Атлетико Мадрид како и реваншот во осминафиналето помеѓу Баерн Минхен и Лацио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА