Манчестер Јунајтед официјално го објави списокот на играчи кои ќе го напуштат клубот на крајот на сезоната, како дел од големиот ремонт на тимот ова лето.
Меѓу оние кои заминуваат се Кристијан Ериксен, Виктор Линделоф и Џони Еванс, додека од „Олд трафорд“ се очекува да си заминат и други важни играчи како Маркус Рашфорд, Антони, Џејдон Санчо, Алехандро Гарначо и Касемиро.
Покрај нив, клубот ќе го напуштат уште шест млади играчи од академијата – Хуберт Грачик, Џек Кингдон, Сем Мареј, Том Мајлс, Џејмс Нолан и Том Вустер. Исто така, Том Хитон моментално е слободен агент, но Јунајтед се уште е во преговори со него за потенцијално продолжување на договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА