Голема грешка на Зајков: Директен црвен картон во баражот за место во ЛЕ

Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков неславно го заврши финалниот натпревар од плеј-оф баражот во Белгија за место во Лигата на Европа следната сезона.

На дуелот на Шарлоа со Антверпен, Зајков во 20. минута при водство на Шарлоа од 2-1 направи голема грешка пропуштајќи противнички фудбалер а потоа направи прекршок врз него во својот шеснаесетник за директен црвен картон и пенал за противникот.

Во продолжение, Антверпен успеа да стигне до целосен пресврт со играч повеќе и на десет минути до крајот на натпреварот има водство од 3-2 кое може да му донесе место во Лигата на Европа.

Се вчитува...