Голема победа на Кузмановски и Хановер во битката за опстанок, Вецлар лесно против Ерланген

Филип Кузмановски и Хановер стигнаа до голема победа во борбата за опстанок на гостувањето кај Нордон Линген со 20-22. Хановер до победата стигна во второто полувреме кога одигра на неверојатно ниво во одбраната. Филип Кузмановски натпреварот го заврши со два гола од четири упатени удари.

Филип Миркуловск и Вецлар стигнаа до лесен триумф на гостувањето кај Ерланген со 28-36. Македонскиот репрезентативец натпреварот го заврши со еден постигнат гол.

Се вчитува...