Голема победа на Пешевски и Штутгарт во битката за опстанок во Бундеслигата

Македонскиот ракометен интернационалец, Жарко Пешевски и неговиот Штутгарт стигнаа до клучна победа во борбата за опстанок во германската Бундеслига, откако денеска славеа на гостувањето кај Минден со 25-26 во натпревар од 29. коло.

Првото полувреме ни донесе тврд и не многу убав ракомет во кој подобро се снајдоа гостите и на пауза заминаа со предност од 8-10. Вториот дел беше тотално спротивност. Голови паѓаа како на лента. Во еден момент Пешевски и соиграчите стигнаа до плус пет (8-13), но како одминуваше натпреварот домаќините играа се подобро и на минута до крај влегоа во егал 25-25. Сепак, Штутгарт реализираше во последниот напад и стигна до победа од 25-26.

Македонскиот репрезентативец го имаше најслабиот натпревар сезонава на кој не се запиша во листата на стрелците.

 

 

 

Се вчитува...