ГОЛЕМА ПОБЕДА ПРОТИВ ФАВОРИТОТ: И Грција падна пред македонските шахисти на Олимпијадата во Батуми

Продолжуваат одличните настапи на машката шаховска репрезентација на Македонија на 43. Олимпијада во Батуми, Грузија.

Во 5. коло на Олимпијадата шахистите ја запишаа и четвртата победа, овој пат со 2,5-1,5 против репрезентацијата на Грција (25-то рангирана според рејтинг).

Триумфот за Македонија го обезбеди ВМ Кирил Георгиев со голема победа против ВМ Папајоаноу (2634), а ремизираа ВМ Владимир Георгиев, ИМ Филип Панчевски и ВМ Трајко Недев на останатите три табли.

Македонија, која е 43-то рангирана според рејтингот, по пет кола со 8 бода е на делба од 8. до 24. место (13 место според поединечни поени). На врвот табелата со максимални 10 бода се Азербејџан, Полска, Чешка и Украина.

Дамите, пак, по трите претходно порази сега очекувано ја совладаа Палестина со 3-1. Поединечни победи извојуваа Бејатовиќ, Стојковска и Катерина Петровска, а загуби единствено Николовска на третата табла.

Се вчитува...