Голема победа за Митревски и Порто во дербито против Спортинг Лисабон

Репрезентативниот голман на Макеоднија, Никола Митревски заедно со неговиот Порто издвојува значајна победа во португалското првенство откако во дерби мечот го совлада нагости Спортинг Лисабон со 27-33.

Првото полувреме помина во израмнета игра, а на пауза се замина со реми 14-14. Клучната разлика ракометарите на Порто ја направија во вториот дел и на крајот успеаја да стигнат до сигурна победа од 27-33. Митревски имаше 11 интервенции за четириесетина минути на теренот.

Со оваа победа Порто останува со максимален учинок во домашниот шампионат, додека Спортинг го забележа првиот пораз сезонава.

Се вчитува...