Голема размена меѓу Интер и Баерн Минхен

Раководните лица на Баерн Минхен и Интер имале состанок на кој разговарале за размена на Тиаго Алкантара и Марсело Брозовиќ, пренесуваат италијанските медиуми. Алкантара беше стандарден првотимец во освојувањето на Баерн Минхен на Лигата на шампионите, но веќе некое време се шпекулира со негово заминување од „Алијанц арената“. Покрај Интер за неговите услуги е заинтересиран и Ливерпул.

Од друга страна Марсело Брозовиќ кој иако е стандарден во Интер сака да замине од тимот. Тој сака да го напушти Интер, а прва цел му е трансфер во европскиот шампион. Брозовиќ кариерата ја почна во хрватскиот шампионат, а Интер е единствениот клуб во кој има настапувано надвор од татковината.

Се вчитува...