ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: На 26 години загина боксерката која неодамна се бореше за светската титула

Американската боксерка Хана Рап почина на 26-годишна возраст во сообраќајна несреќа во Тексас.

Додека возела велосипед, била удрена од автомобил, а возачот бил уапсен. Според соопштението за медиумите од канцеларијата на шерифот на округот Бразос, Хана Рап возела велосипед кога била удрена од автомобил. 31-годишниот возач, Чарлс Медина, бил уапсен и обвинет за убиство од небрежност.

Неодамна се бореше за светската титула

Минатиот месец, Рап се бореше за светската титула во пердув категорија на ВБЦ против Тијара Браун, но загуби со едногласна одлука. Пред тој меч, таа имаше осум победи и едно реми во своите први девет професионални настапи. Во својата кариера, таа ја освои и титулата шампион на Северноамериканската боксерска федерација.

Претседателот на ВБЦ, Маурисио Сулејман, се збогува со младата боксерка.

„Таа беше исклучителна боксерка, а пред сè драгоцен член на нашето боксерско семејство. Сочувствуваме со нејзините најблиски, тимот и сите што имаа привилегија да ја познаваат и да ја поддржуваат за време на нејзината одлична кариера“, рече Сулејман.

Се вчитува...