Голема трагедија го потресе светскиот спорт откако попладнево беше објавено дека животот го загуби 31-годишната Лаура Далмајер, извонредната бијатлонка која важеше за една од најдобрите во историјата на овој спорт.
Германката денеска беше прогласена за мртва по неуспешниот обид за спасување, откако Далмајер настрада за време на една планинарска експедиција во Пакистан. Таа се обиде да се искачи а врвот Лаила на планината Каракорум, но поради одрон на карпи падна во провалија.
Нејзината партнерка во оваа експедиција веднаш ги известила спасувачките служби, испратен бил меѓународен спасувачки тим, но местото било тешко пристапно, па им биле потребни речиси 24 часа за да пристапат. За жал, кога стигнале до телото тие само можеле да ја констатираат смртта на легедарата бијатлонка.
Далмајер ајдобрите резултати ги имаше во 2017 и во 2018 година, нанјпрвин на СП во Хохфилзен во Австрија освои пет злати медали на шесте дисциплини на кои учествуваше, а потоа на ЗОИ во Пјонгчанг во 2018 стигна до две златни и еден бронзе медал.
Таа неочекувано ја заврши кариерата во 2019, на само 25-годиша возраст, најпрвин почна да работи како ТВ-аналитичарка за ЗДФ при зимските големи натпреварувања, а од пред неколку години нејзина пасија стана планинарството.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

