Романскиот фудбал е завиен во црно по веста дека поранешниот репрезентативец Габриел Мурешан почина на 44-годишна возраст. Според романските медиуми, поранешниот играч од средниот ред се удавил во езеро во близина на градот Аполд, каде што од 2020 година ја извршувал функцијата градоначалник.
Веста за неговата смрт ја потврди и Фудбалската федерација на Романија, која се прости од поранешниот репрезентативец.
„Фудбалската федерација на Романија изразува искрено сочувство до семејството, пријателите и сите што го познаваа Габриел Мурешан“, се наведува во соопштението.
Тој одигра девет натпревари за романската репрезентација во периодот од 2007 до 2011 година, вклучително и квалификациски натпревари за Светското и Европското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
