Во сезоната 1997/98 Скоти Пипен му беше партнер на Мајкл Џордан во успесите со Чикаго. Беше прв играч на „Булс“ според бројот на асистенции и на украдени топки, втор на листата на Чикаго според постигнатите поени, скоковите и според минутите минати на терен, а беше дури 122 играч во НБА лигата според висината на платата.
Токму овој податок беше главниот проблем во релацијата на Пипен со сопствеништвото на Чикаго кое дури и сакало да го размени. Идејата била да се доведе Трејси Мекгрејди, а во игра била дури и замена со Пипен. Ваквиот план го спречил Мајкл Џордан кој буквално ставил вето на идејата и Пипен остана во тимот. Но, сепак не уште многу долго. Веќе наредната сезона беше дел од Хјустон, а потоа отиде во Портланд за на крајот од кариерата да одигра уште една сезона во Чикаго.
Мајкл Џордан и Скоти Пипен го одведоа Чикаго до шест шампионски НБА прстени во една декада. Пипен беше примен во „Куќата на славните“ во 2010 година. Откритието доаѓа од документарниот филм „Последниот танц“ посветен на сезоната на Чикаго 1997/98. Трејси Мекгрејди во телевизиско гостување ја потврди автентичноста на приказната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА