Големи проблеми во Цибона: Дури 11 кошаркари позитивни на коронавирус

Хрватскиот клуб Цибона се соочува со сериозни проблеми на стартот од подготовките за новата сезона кои веднаш се прикинати. Причината е што откако најпрво четири лица од клубот беа позитивни на Ковид-19, денеска по најновите тестирања откриено е дека уште 11 лица од клубот се носители на коронавирусот. Од нив сега вкупно дури 11 кошаркари.

„По дополнителните тестирања утврдено е дека се заразени уште девет кошаркари и еден член на стручниот штаб, па сега вкупната бројка е 11 кошаркари и тројца членови на стручниот штаб позитивни на коронавирус. Дел имаат благи симптоми, а поголемиот дел се и асимптоматски“ – информираа од Цибона, дополнувајќи дека сите чекори во наредниот период ќе ги преземаат согласно препораките од Центарот за јавно здравје на Хрватска.

Пред точно една недела Цибона гостуваше на Игокеа каде победи на пријателскиот натпревар. Од Игокеа објавија претходно дека имаат еден кошаркар позитивен на Ковид-19.

Се вчитува...