Големи проблеми за Арсенал: Заврши сезоната за Белерин

Повредата што ја заработи во триумфот на Арсенал над Челси се покажа кобна за Хектор Белерин. Тој ќе го пропушти остатокот од сезоната и ќе води битка за да биде подготвен за следната, соопшти лондонскиот клуб. Се работи за повреда на предните вкрстени лигаменти на коленото што повлекува пауза и долг рехабилитациски процес.

Шпанецот штотуку се врати во тимот на Арсенал, отсустуваше еден месец и одигра само два натпревари пред да се соочи со новата голгота и најавеното долго отсуство.

Во следните денови ќе му бидат направени дополнителни медицински прегледи на Белерин, во надеж дека ќе биде пронајдено решение за што пократко отсуство од терените. Сепак, хируршката интервенција е неизбежна.

Се вчитува...