Големи проблеми за Баерн пред дербито во Дортмунд

Баерн Минхен ќе биде значително ослабен за утрешното големо дерби против Борусија Дортмунд откако беше обелоденето дека Тијаго Алкантара нема да може да настапи на пресметката со „милионерите“. Шпанскиот плејмејкер не беше во тимот ниту на саботниот дуел со Ајнтрахт, а лекарите на Баерн не успеаја да го рехабилитираат навреме за големото дерби кое може да се покаже пресудно во трката за титулата.

Тијаго ниту вчера не тренираше со тимот, поради што тренерот Ханси Флик реши тој дефинитивно да не патува со екипата во Дортмунд. Лоша вест за Баерн е и повредата на Гнабри, откако германскиот репрезентативец одигра само 26 минути од дуелот со Ајнтрахт. Ниту тој вчера не тренираше со остатокот од екипата, па шансите за настап против Борусија му се сведени на минимум.

На спротивната страна, Борусија ќе биде без помошта на повредениот капитен Марко Ројс, но добра вест за „милионерите“ е што дефанзивецот Хумелс ќе биде подготвен за настап и покрај повредата на последниот дуел против Волфсбург.

Баерн Минхен на седум кола до крајот има предност од четири бода во однос на Борусија, па со евентуална победа во Дортмунд баварскиот гигант би направил огромен чекор напред кон одбраната на титулата во Бундес-лигата.

Се вчитува...