Големи проблеми за „милионерите“ – Фавр нема да може да смета на Халанд

Борусија Дортмунд во вторникот загуби во дербито на германскиот фудбал од Баерн Минхен со 0-1 и ги загуби шансите за освојување на титулата во Бундеслигата. Уште една лоша вест за „милионерите“ е дека првата ѕвезда на тимот Ерлинг Халанд заработи повреда на истиот меч, поради која ќе мора да го пропушти следниот натпревар.

Тој поради повреда на коленото нема да биде во ростерот на тимот на гостувањето против Падерборн. Покрај Халанд, тренерот на Борусија, Лусиен Фавр нема да може да смета ниту на Дахуд, Ројс и Витсел. Натпреварот е закажан за во недела.

Се вчитува...