Големи проблеми за Сари – Киелини заработи тешка повреда на тренинг

Капитенот на италијанскиот шампион Јувентус, Џорџо Киелини заработи тешка повреда на денешниот тренинг. На денешниот тренинг настрадале предните вкрстени лигаменти на десното колено, а од тимот потврдија дека ќе мора да замине на операција по која ќе мора да паузира во следните шест до седум месеци.

Ова е голем удар за Масимилијано Сари кој ќе биде без услугите на капитенот до пред крајот на сезоната.

Во отсуство на Кјелини дефинитивно улогата на стартер ќе му припадне на Де Лихт, кој беше незадоволен откако беше на клупата за резерви на премиерниот дуел со Парма.

Се вчитува...