Големиот Агинагалде кажа збогум – Бидасоа го повлече дресот со број 13!

Еден од најславните шпански ракометари, Хулен Агинагалде се одлучи да стави точка на својата професионална кариера!

Искусниот пивот, на свои 41 година, се одлучи кариерата да ја заврши во клубот во кој и почна со ракометот, Бидасоа.

Кариерата ја започна далечната 1999 година во Бидасоа каде се задржа до 2006 година. Потоа се сели во Адемар Леон до 2009 година, па продолжува во Сиудад Реал и Атлетико Мадрид се до 2013 година од каде се сели во Кијелце. Во Полска се задржа седум години освојувајќи ја европската титула во Лигата на шампионите во 2016 година. Во јуни 2020 година се враќа во Бидасоа каде сега ја завршува својата кариера.

Со репрезентацијата на Шпанија го освои Светското првенство во 2013 година, Европското првенство 2018 како и Европското првенство 2020, но и бронзата на ЛОИ 2020.

Бидасоа, со неговото пензионирање, се одлучи да го повлече дресот со бројот 13.

Се вчитува...