ГОЛЕМИОТ АРПАД: Немам поим како можеме да го победиме ПСЖ!

ЕКИПА во Келн,

Стеван Цаневски, Игор Паневски

Големиот Арпад Штербик, кој друг ако не тој, еден од најзаслужните за пласманот на Вардар во финалето на Ф4 турнирот во Келн.

Но, Штербик како и секогаш приземјен по големиот триумф против Барселона, навестувајќи дека сега тимот треба да се смири, а поим нема како може да се совлада еден гигант како ПСЖ…

„Многу сум среќен затоа што момците не се задоволија само со пласманот на овој Ф4 турнир, туку покажаа дека сакаат многу повеќе и еве не сега заслужено во финалето. А, во финалето против ПСЖ како ќе биде? Да ви кажам искрено немам поим како можеме да победиме еден тим како ПСЖ. Некои момци во нашиот состав воопшто досега и не виделе вака во живо како изгледаат тие ‘ѕверови’ од Париз, а сега ќе треба да играме. Но, одиме во хотел, ни остануваат помалку од 20 часа да се одмориме, да анализираме и да се впуштиме во уште една борба“ – изјави по полуфиналниот меч Арпад Штербик.

Се вчитува...