Големиот Роџер Федерер: Во Дубаи стигна до 100-та титула во кариерата!

Големиот Роџер Федерер стигна до својата 100-та титула во кариера на АТП турнирот од Серија 500 во Дубаи.

Во финалето во Дубаи, Федерер славеше против Гркот Стефанос Циципас во два сета, со 6-4,6-4, на тој начин реванширајќи му се и за поразвот во осминафиналето на Австралија опен.

За Федерер ова е осми трофеј во Дубаи. На патот до финалето претходно имаше лесен пат славејќи против Колшрајбер, Вердаско, Фучовиќ и Чориќ.

Се вчитува...