Големо невреме го прекина тестот на Шкендија со Грасхоперс, при водство од 2-0 на тетовци

Шкендија не успеа да го заврши првиот пријателски натпревар за време на подготовките во Анталија, Турција, поради големо невреме кое го зафати „Ројал спорт центарот“ во Белек.

А, тетовци првото полувреме од мечот против швајцарски Грасхоперс го почнаа повеќе од мотивирано постигнувајќи два гола по првите 20 минути. Шкендија поведе уште во 21. секунда по автоголот на Диани, а Емини во 19. минута донесе предност од 2-0. Натпреварот, при овој резултат, поради силен дожд беше прекинат во 37.минута.

Во редовите на Грасхоперс настапи и младинскиот репрезентативец Никола Ѓорѓев.

Се вчитува...