Големо предавство: Си оди од Партизан за да потпише за Црвена Звезда

Американецот Кори Волден го навлече бесот на навивачите на Партизан откако реши да го напушти овој клуб и да потпише за лутиот ривал Црвена Звезда. Волден имаше уште една година од актуелниот договор со „црно-белите“, но реши да ја искористи клаузулата за раскин, самиот плаќајќи ја отштетата за заминување од белградскиот клуб.

Српските медиуми открија дека тој е пред потпис со Црвена Звезда, трансфер што ќе биде комплетиран во текот на следната седмица откако Партизан официјално го потврди заминувањето на американскиот бек.

„Кори Волден одлучи да ја прифати понудата на друг клуб, која е финаниски многу повисока и ќе ја плати пропишаната отштета. Ние на оваа позиција ќе бараме друга опција, му благодариме на Волден за придонесот во минатата сезона и му посакуваме многу среќа во иднина“, објави Партизан на официјалната веб-страница.

Американскиот бек имаше просек од 8,9 поени и 1,8 асистенции по натпревар во АБА-лигата.

Се вчитува...