Големо засилување: Бутел го доведе Чаневски

Бутел сезонавa не успеа да обезбеди пласман во европските купови, но скопскиот суперлигаш со големи амбиции ќе влезе во наредниот шампионат на Македонија.

„Бутелци“ веќе го ангажираа десниот бек Денис Тот од Охрид, а од денеска нов член на овој клуб е и голманот Градимир Чаневски, кој ќе биде огромно засилување по трансферот од редовите на Еурофарм Пелистер. Тој претходно беше дел од Металург, Вардар и Вардар Јуниор пред да се пресели во битолскиот тим со кој играше во Лигата на шампионите, Лигата на Европа, ЕХФ Купот, Челинџ Купот и СЕХА лигата.

„Имав неколку понуди од странство и од Македонија, но понудата од Бутел Скопје беше најдобра за мене. Имавме разговори со сопственикот на клубот и сфатив дека станува збор за амбициозен проект поддржан и воден од одличен кадар. Бутел има добра екипа, хомогена и сите се како еден, а тоа е одличен предуслов. Од тоа што го знам, Бутел е еден од најорганизираните и најпрофесионалните клубови во Македонија. Среќен сум што се враќам во Скопје по пет години поминати во Битола. Сега следува малку одмор, а потоа да се фатиме за работа, затоа што не очекува напорна и интересна сезона“, изјави Чаневски.

Се вчитува...